Пред да се родат луѓето чии имиња ги носи оваа книга, постоеле бреговите.
Црвени, како да ги обоило самото сонце.
Секоја вечер, под црницата пред трлото, дедо Стојко ја отвораше истата врата кон минатото:
„Море, ти казују...“
И тогаш времето застануваше.
„Сага за Црвените Брегови“ е приказна за коренот на едно семејство,
за животот, границите и за луѓето чии имиња полека се губат —
ако некој не ги запамети наглас.
